Ракета „New Glenn“ на компанијата „Blue Origin“ експлодираше за време на тестирање на лансирната рампа во Кејп Канаверал, Флорида. Инцидентот се случил при тестирање на моторите пред планираното лансирање на интернет-сателити следната недела. Според компанијата, нема повредени лица.
Основачот на компанијата, Џеф Безос, изјави дека причината за експлозијата сè уште не е позната, но дека истрагата е веќе започната. Експлозијата предизвикала силен потрес во околните населби, а небото над Кејп Канаверал накратко беше осветлено од голема огнена топка.

Ракетата „New Glenn“, висока 98 метри, дебитираше во 2025 година и е наменета за идни мисии на НАСА во рамки на програмата Артемис, вклучувајќи и транспорт на летала за слетување на Месечината.
И покрај инцидентот, американските власти соопштија дека останатите вселенски лансирања од другите рампи нема да бидат одложени.
