Вести Македонија Топ вести

Излажал дека возилото е на МВР за да го спаси брат му од плаќање казна за погрешно паркирање – кривична пријава против млад полицаец во Битола

Млад полицаец од Битола се обидел да го спаси брат му од плаќање казна за незаконско паркирање, давајќи лажен исказ дека автомобилот е во сопственост на министерството за внатрешни, со намера да ги доведе вработените на ЈППЈЛП во заблуда за да биде ослободен од глоба за прекршокот. Против него е поднесена кривична пријава за „злоупотреба на службената положба и овластување“, казниво по член 353, став 1, од Кривичниот законик.

„И.Д., на работно место „помлад полицаец“ во ПС Битола, на 25.03.2026 околу 17 часот, во период кога не бил работно ангажиран, отишол во просториите на ЈП за изградба и одржување на јавен простор за паркирање и уредување и организирање на јавен локален превоз на патници во Општина Битола, се претставил дека е полициски службеник и поднел барање за поништување на налог за наплата за нерегуларно паркирање на патничко моторно возило „ауди“, сопственост на неговиот брат, при што во рубриката „образложение на причината за поништување на налогот“ своерачно напишал МВР. Со наведеното дејствие дал лажна изјава дека возилото е сопственост на МВР со што сакал да ги доведе во заблуда вработените на ЈППЈЛП за да биде ослободен од плаќање на казната“, информира МВР.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе поднесе и предлог за поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност против И.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Паднати дрвја од невремето во Дојран оштетија возила, натстрешници и кровови

Sonja Petrusevska

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе