Вести Свет Топ вести

Рубио: САД ќе постигнат договор со Иран или ќе дејствуваат „на друг начин“

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека САД или ќе постигнат добар договор со Иран или ќе дејствуваат против Исламската Република „на друг начин“.

Вашингтон ќе ѝ даде целосна шанса на дипломатијата за таа да успее пред да се разгледуваат „алтернативни“ опции, изјави шефот на американската дипломатија во Делхи.

На маса има многу сериозен предлог во врска со нивните можности да ja отворат Ормуска Теснина и да започнат сериозни, суштински и временски ограничени преговори за нуклеарното прашање. Се надеваме дека тоа ќе може да се реализира –  рече Рубио.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ презеде мерки за да ја принуди Бугарија да го намали прекумерниот долг

Sasko Dimovski

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра – телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Дејан Дејан

Наместо договор, партиите и денеска со исти обвинувања за Изборниот законик – крајниот рок за носење на законот е 15 јули

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе