Вести Македонија

Дрога пронајдена кај двајца 19-годишници и еден малолетник

Дрога била пронајдена при претрес на велешкото подрачје, по што приведени биле двајца 19-годишници и еден малолетник, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.

Вчера во 2:20 часот, полициски службеници од СВР – Велес ги лишиле од слобода М.А. од велешкото село Долно Каласлари и Ј.П. од Велес, а во 15:15 часот го лишиле од слобода 17-годишен малолетник од Велес. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од М.А., а сопатници биле Ј.П. и малолетникот, кој излегол од возилото и побегнал, при што фрлил пари и марихуана, кои биле пронајдени и одземени – појаснија од МВР.

Како што информираа, при преглед во возилото била пронајдена и одземена марихуана, а М.А. и Ј.П. биле лишени од слобода и известен бил јавен обвинител.

Подоцна, со судска наредба, извршен бил претрес во домот на малолетникот во присуство на негов родител, каде биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, телефон и пари. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител, а потоа и спроведен во Основно јавно обвинителство – Велес. По целосно документирање на настанот, ќе бидат поднесени соодветни пријави – додадоа од МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсени двајца членови на Беланоца во Драч – едниот се бараше за убиство на офицер на АРМ

Дејан Дејан

Студентските домови се затвораат за студенти над 30-годишна возраст – измени во законот за студентски стандард

Sasko Dimovski

Ќе се изгаснат ли цигарите во кафулиња и на дел од јавниот простор од 1 август?

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе