Вести Култура Македонија

Црвенковска: Поразително е да не си ја знаеме својата историја, а зборуваме за идентитетски прашања

Мисијата на Кирил и Методиј има универзални вредности тоа е мисија за рамноправност на народите и на јазиците, што е многу актуелно и од денешен аспект, вели Црвенковска, професорка по старословениски јазик која сиот свој работен век го посвети на студентите и научно- истражувачката дејност на УКИМ. Празникот на сесловенскиите просветители кои ја создадоа словенската писменост  го чествува сиот словенски свет. Загрижувачки се податоците дека новите генерации кај нас речиси и не знаат за нивното дело и што се подразбира поимот писменост.

Да, имате право не само Кирил и Методиј, не знаат за Климент Охридски, па не знаат дури ни за Блаже Конески којшто е роден пред стотина години. Прашајте Англичанец дали не знае за Шекспир или Русин дали не знае за Достоевски. Значи поразително е тоа да не си ја знаеме својата историја, а зборуваме за идентитетски прашања. Па сепак децата треба да го знаат тоа уште од училишни денови, вели проф. Црвенковска.

Голем проблем кај нас е културата на говор и тоа особено кај политичарите и јавните личности . Културата на говор е одраз на културата на личноста и на општеството, вели професор Црвенковска.

Соочени сме постојано со некултурата на говор, пред се на политичарите морам да кажам, затоа што ги гледаме нивните искажувања на прес конференции во собранието, во други форуми каде што е недолично да се однесуваш како невоспитано дете дека на некого ќе му ги тегнеш ушите или дека одредени личности се талог на општеството. Мислам тоа се одразува и на младите генерации, потоа се чудиме зошто младите се невоспитани или се случуваат разни работи меѓу нив, вели проф. црвенковска. 

Според професор Црвенковска на младите генерации треба да им се пристапи на начин кој ќе ги привлече и ќе го задржи нивното внимание во промислување на писменоста. Во тој процес голема улога имаат и медиумите не само за писменоста, туку да се подигне свеста и за културата на говор.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра – телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Дејан Дејан

Наместо договор, партиите и денеска со исти обвинувања за Изборниот законик – крајниот рок за носење на законот е 15 јули

Sasko Dimovski

Уапсени двајца членови на Беланоца во Драч – едниот се бараше за убиство на офицер на АРМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе