Вести Економија Топ вести

За колку ќе поскапи парното греење? Компании ги прават последните пресметки

Трите компании за парно на ЕСМ, за производство, дистрибуција, и снабдување ги прават послендите пресметки на трошоците, врз основа на кои ќе се донесе одлука за новата цена на греењето. До крајот на месецов тие треба да ги достават до Регулаторната комисија за енергетика, каде ќе се утврди каква ќе биде корекцијата во која како параметри треба да се земат фјучерсите за цената на гасот.

Пред извесно време првиот човек на РКЕ, Ацо Ристов соопшти дека поскапувањето нема да биде драстично, бидејќи кај цената на гасот не се забележува драстично зголемување.

Последно парното греење поскапе  за околу 6 отсто и тогаш образложението беше дека ваквата корекција е направена за да може да се направат потребните инвестиции во дистрибутивната  мрежата поради која изминатата  грејна сезона се појавија доста проблеми.

Од друга страна трите фирми за парно на ЕСМ кои беа формирани за време на претходната  енергетската криза се најдоа и на листата должници на Министерството за финансии, а со најголем долг е токму дистрибуцијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Брисел алармира за притисоци врз судството – власта со нови критики, опозицијата обвинува за заробени институции

Дејан Дејан

За 24 часа – 260 нови пациенти побарале помош во гостиварската болница

Igor Trajkov

Ослободителната пресуда за Талир 2 се пишува, од Кривичен велат ќе биде доставена во најкус можен рок

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе