Претседателот на Собранието Африм Гаши, од 22 до 24 мај ќе ја предводи државно-црковната делегација во Рим и Ватикан по повод традиционалната Манифестација во чест на Св. Кирил.
Во делегацијата се координаторите на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и на ВЛЕН, Никола Мицевски, Оливер Спасовски и Беким Ќоку, потоа Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието, Зоран Љутков, министер за култура, Оливера Трајковска, претседателка на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Негово Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски, г.г. Стефан, митрополит дебарско-кичевски г. Георгиј, митрoполит на Европска епархија, отец Пимен, д-р Зоран Стојанов, протојереј-ставрофор Никола Христоски, архимандрит Агатон, протоѓакон Александар Димитријов и ѓакон Стефан Гоговски.
На 22 мај 2026 година, државно-црковната делегација ќе присуствува на Аудиенција кај Папата Франциск во Ватикан, по што Гаши ќе се сретне со кардиналот Пјетро Паролин. Следниот ден ќе се одржи Молебен во Базиликата „Сан Клементе“ по што делегацијата ќе положи венец свежо цвеќе на гробот на Свети Кирил, а предвидена е и посета на Базиликата „Санта Марија Маџоре“.
