Вести Економија Топ вести

Министерот Дурмиши тврди дека нема основ за мерки за храната, дел од цените се намалиле

Прво се чекаше податокот за инфлацијата, сега новата анализа на пазарна, за да се види дали и со какви мерки може да се интервенира кај цените. Статистика последно измери 5, 7 отсто инфлација во април во однос на април лани и поскапување на храната за една година од 8 отсто. Сепак, министерот Думриши вели дека до него стигнале податоци дека има поевтинување кај некои производи. За неколку дена ќе завршела новата анализа на пазарните инспектори.

Преку државен пазарен инспекторат сакам да потенцирам дека до 20 мај е дадено наредба да вршат контроли на сите ланци маркети од она неофицијално што е добиено сум информиран е дека има одредено намалување кај цените на овошјето и зеленчукот. Овие денови што се прават контроли 30 тимови се на терен на крај на 20 на овој месец, ќе заврши контролата и таа информација ќе ја достават до Влада и до министерство за економија, изјави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши

Дурмиши тврди и дека барем до сега не е забележано дека трговците ги зголемиле маржите. Пратеникот од СДСМ и поранешен вицепремиер Битиќи во вчерашната ВИН ВИН пак кажа дека инфлаторниот шок во земјава допрва ќе се почувствува.

Во месец март, на почетокот на кризата јас кажав дека нашиот инфлаторен удар нема да биде во март, тој ќе се почувствува во април, мај и понатамум изјави во ВИН ВИН, пратеникот на СДСМ и поранешен вицепремиер за економски прашања Фатмир Битиќи

Од последниот извештај на статистика може да се види дека за една година најголем скок на цената има кај месото, потоа млекото, јајцата маслото и овошјето. Податоците  пак од ССМ покажаа дека во април во однос на март минималните трошоци на едно четиричлено семејство се зголемиле за речиси 1.000 денари. И од НБРМ и од Владата излегоа со полоши прогнози за домашната економија. Годинава очекуваат помал раст и повисока инфлација.

Ирена Чачкова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД извршија напади врз Иран седма ноќ по ред – Иран се закани со „целосна офанзива“

Igor Trajkov

Нов археолошки локалитет кај тетовско Стенче – најдени монети и керамика од 4 век

Igor Trajkov

Брисел алармира за притисоци врз судството – власта со нови критики, опозицијата обвинува за заробени институции

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе