Граѓаните и компаниите во март годинава во банките чувале 10,8 милијарди евра. Споредено со истиот месец лани, депозитите се зголемени за 11,3 отсто.
Од друга страна, македонските граѓани инвестирале околу 1,5 милијарди евра во странски акции. Како случувањата на Блискиот Исток се одразуваат врз штедењето и инвестирањето?
Податоците од Нродната банка покажуваат дека Македонците и натаму преферираат плаќање во кеш, наместо со картички. Минатата година граѓаните од банкоматите подигнале вкупно 3,6 милијарди евра, додека со картичките на пос терминали потрошиле вкупно 2,3 милијарди евра. Се плаќало и на интернет, каде македонските граѓани потрошиле 470 милиони евра.
Во „Бизнис Објектив“ анализираме како граѓаните управуваат со своите пари.
