Карлос Алкараз нема да ја брани титулата на Ролан Гарос годинава откако најави дека нема да игра на грен слемот поради повреда. Шпанецот се повреди за време на првото коло на турнирот во Барселона.
Алкараз успеа да го победи Ото Виртанен во првото коло во Барселона, но заработи повреда на зглобот на десната рака и мораше да се повлече од турнирот. Од истите причини се откажа и од мастерсот во Мадрид, а според новите медицински тестови, тој ќе мора да прави подолга пауза.
„По добиените резултати денеска, одлучивме дека најдоброто нешто е да бидеме внимателни и да не учествувам на мастерсот во Рим и Ролан Гарос. Ќе чекаме да гo видиме прогресот за да одлучиме кога ќе се вратам на теренот“, напиша Алкараз на социјалните мрежи.
Шпанецот, кој седумкратен грен слем шампион, го освојуваше Ролан Гарос изминатите две годни, односно во 2024 и 2025 година. Во негово отсуство, Јаник Синер ќе биде главен фаворит за да го освои својот прв трофеј на париската црвеница.
