Вести Македонија Топ вести

Сведоци за Пулс кои не сакаат да сведочат ќе бидат носени со полициска придружба

Со полиција ќе се носат сведоци за судскиот процес за трагедијата во дискотеката Пулс ако сами не се појават на следните рочишта кога се поканети. Вака се закани судијката Диана Груевска Илиевска на рочиштето за кое сметаше дека е изгубен ден бидејќи кусо траеше сведочењето на единствениот сведок кој се појави. За денеска уредно била поканета вработена во Општина Кочани но таа станала недостапна за обвинителството, а денеска и за судот. Судијката нареди доколку не се јави на повиците, за следното рочиште стражарно да биде донесена.

За дел од првично предложените сведоци кои се повикани за следните рочишта обвинителството рече дека се откажува но адвокатите инсистираат да бидат повикани. Сепак и тие негодувале и се премислувале, па сега ќе мора да отсуствуваат само ако донесат доказ од лекар за нивна здравствена состојба. Дел од сведоците пак се во странство се уште на лекување.

Со ова денешното рочиште заврши порано од вообичаено. Единствено сведочеше Наско Карадаковски, татко на починатиот Александар, кој се водел како управител на фирма на газдата Дејан Јовановски.

Тој рече дека неговиот син бил поставен само формално за управител, бидејќи бил другар со синот на газда Деко, но не одел во банка ниту го водел сметководството. Тој станал нервозен кога дознал дека може да има законски последици од тоа што е  поставен за управител.

„Се изненадив што е управител, ми рече Деко го замолил, за да не му пропадне лиценцата. Му вршев притисок ме фати паника дека мора да прекине со тоа веднаш. За Пулс ми кажа во 2024 год дека го викнале физички да помогне кога се реновирало, да руши, да прави нешто. Бил повреден на рамо и се јавил на доктор. Таму дознал дека нема здравствено осигурување“, изјави сведокот Наско Карадаковски.

Карадаковски почина од повредите во пожарот во Пулс во Литванија каде што заедно со уште десетмина беше испратен на лекување. Почина три недели по трагедијата во Пулс.

Билјана Николовска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе