Вести Македонија Топ вести

Полициска акција против детска порнографија, осомничен и водител на подкаст

Голема полициска акција против детска порнографија  во повеќе градови низ Македонија  спроведува  Секторот за компјутерски криминал при МВР во соработка со Секторите во Битола, Струга и Струмица.  Се вршат претреси на седум локации  во насока на обезбедување докази за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, а веќе има уапсени осoмничени лица.

Според информации на Телма, станува збор за меѓународна операција за сузбивање на овој вид криминал. Откако МВР добило податоци од странска полиција дека нелегални активности се одвиваат и во земјава, спроведени се  истражни дејствија и анализа на ИП адреси,  а истражителите идентификувале двајца осомничени.

Еден од нив  кај кој се врши претрес во Струга, е претседател на бугарското здружението „Струмичка петорка“ регистрирано во Струга. Тој, исто така е и водител на интернет подкаст со студио во Скопје. При претресите кај него се одземени компјутери и дигитални податоци, кои ќе бидат предмет на детално вештачење поради сомнежи дека содржат докази за поседување и споделување на нелегален материја.

Ќе се проверуваат и дали постојат други содржини поврзани со активностите на осомничениот, како и евентуални контакти со бугарски државјани кои се на црната листа за влез во Македонија поради ширење омраза кон македонскиот народ и јазик преку јавни настапи и социјални мрежи.

Од Основното јавно обвинителство  кусо информираат дека по обезбедените наредби за претреси, во координација со МВР продолжуваат активностите за прибирање докази и целосно расчистување на случајот.

Емилија Мисирлиева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Москва прогласи двајца италијански дипломати за непожелни откако руски аташеа беа протерани под сомнение за шпионажа

Sonja Petrusevska

Граѓаните штедат, ама и се задолжуваат

Sonja Petrusevska

Владин заклучок без ефект, институциите и натаму со милионски долгови за струја и парно

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе