Вести Свет Топ вести

Израелските екстремисти со шампањ го прославија усвојувањето на законот за смртна казна – но само за Палестинците

Израелскиот парламент усвои закон со кој смртната казна станува стандардна пресуда за Палестинците осудени во воени судови за убиство на Израелци.

Законот, подготвен од екстремно десничарскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, предвидува затворениците да бидат осудени во рок од 90 дена од апсењето и погубени во рок од дополнителни 90 дена.

Алтернативи на смртната казна ќе бидат дозволени само во „посебни околности“, при што законот ги ограничува можностите за жалба.

Во израелските воени судови им се суди само на Палестинците. Израелската организација за човекови права „Бетселем“ вели дека стапката на осудување е речиси 100% и дека признанијата најчесто се добиваат со тортура.

„Израел веќе редовно убива Палестинци — во притворски установи и на терен, каде што смртоносната сила широко се користи од израелските доселеници и од војската со речиси никаква одговорност“, изјави Јули Новак, извршна директорка на израелската организација за човекови права „Бетселем“, за „Гардијан“. „Овој закон е уште една алатка во тој арсенал.“

Пратениците сојузници на Бен-Гвир носеа значки во форма на јамка (бесилка) на реверите додека се собираа во израелскиот парламент, Кнесетот, за да гласаат за законот синоќа.

Бен-Гвир, за кого се вели дека чува портрет од еврејскиот терорист Барух Голдштајн, кој во 1994-тата година уби 29 палестински верници, во гробницата на патријарсите или Ибрахимовата џамија во Хеброн, ги реорганизирал израелските затвори на начин што доведува до изгладнување и тортура на палестинските затвореници.

„Од денес, секој терорист ќе знае, и целиот свет ќе знае, дека на оној кој ќе одземе живот, државата Израел ќе го одземе неговиот живот“, изјави Бен-Гвир пред Кнесетот.

Тој беше снимен како го слави усвојувањето на законот со шише шампањ во израелскиот парламент.

Обединетите нации, Европската Унија и Амнести Интернешнл го осудија законот, предупредувајќи дека го крши правото на живот на Палестинците и го дефинира тероризмот на непрецизен и нејасен начин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) 8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе