Вести Македонија Топ вести

Арсовски: ЗНАМ нема да користи „сдсмовски“ методи

Движењето ЗНАМ нема да користи сдсмовски методи за справување со тие што искажуваат поразлично мислење во партијата, порача пратеникот Павле Арсовски, по изјавите на претседателот на Социјалдемократите, дека оваа партија се распаѓа и ги повика разочараните да се вратат во матичната партија.

Тврдеше дека се водат разговори со повеќе пратеници што ќе ја зголемат нивната пратеничка група, но Арсовски побара Филипче да се погрижи за сопствената пратеничка група и околу тоа, колку нивните пратеници ѝ се лојални на партијата.

„Ние продолжуваме понатаму врз основа на нашите програмски определби и нема да користиме методи кои се карактеристични за СДСМ, да исклучуваме поединци. Ние имаме капацитет да сослушаме и разбереме, но идеолошките и програмски определби на партијата остануваат цврсти и од тоа не отстапуваме. Пратеничката група продолжува да работи унифицирано и согласно нашите и владините програмски определби“, изјави Павле Арсовски, пратеник од Движење ЗНАМ.

Деновиве и претседателот на партијата, Максим Димитриевски,како и партискиот портпарол  демантираа дека имало иницијатива за преминување на пратеници од една во друга пратеничка група.

Оваа тема се наметна во јавноста откако пратеникот од ЗНАМ, Миле Цеков, гласаше различно од партискиот став во однос на зголемувањето на минималната плата. Прашан дали ќе остане во оваа партија или ќе делува поинаку во Собранието, самиот не даде конкретен одговор, велејќи дека за него е важно да работи во интерес на граѓаните.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Намален бројот на работници во индустријата

Kristina Kuzmanovski

Израел и Либан донеле одлука за примирје на целата либанска територија

Kristina Kuzmanovski

Германија за првпат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе