Младинската екипа на македонскиот ракометен првак, Еурофарм Пелистер го победи дански Алборг и ќе се бори за пласман на завршниот турнир во Лигата на шампиони за младинци.
Битолчани на квалификацискиот турнир во Пореч, Хрватска, попладнево во драматичен натпревар славеа со 24-23 против скандинавците. Андреј Георгиев беше одличен за нашиот тим и постигна 12 голови, а голманот Јован Мацановски имаше 13 одбрани и беше прогласен за МВП на натпреварот.
Утре во финалниот натпревар што носи пласман во Келн, Еурофарм Пелистер ќе се соочи со победникот од денешниот дуел помеѓу Загреб и Фуксе Берлин.
Младинскиот тим на Еурофарм Пелистер лани стигна до фајнл-фор турнирот што се одржа во Келн и го освои 4.место.
