Вести Економија Македонија Топ вести

Максимов во Топ Тема: Ги очекуваваме субвенциите неделава, препарати нема, а ѓубривата поскапеа за 40-50%

Вештачките ѓубрива за краток временски период отидоа со 40, дури и 50% зголемување. Нафтата исто си го направи своето, се зголемува. Ние во тој дел не можеме да интервенираме бидејќи не сме надлежни, ние сме должни да произведуваме, објаснува во вечерашната Топ Тема Тони Максимов, „Национална мрежа на земјоделци“.

Според него сега нема доволно средства за да се започне основната обработка на површините, бидејќи неопходна е нафта, која треба да биде субвенционирана.

На прашањето што се случува со „зелената“ нафта, тој вели дека „зелената нафта се уште распределена, не ја добиле.

„И сега кога би ја добиле, бидејќи е пресметано по единица површина кој колку треба да добие, кога чекаме вака… ако сега земеме 100 литри, за пет дена не може да земеме ни 50 литри нафта. Така што и тука сме оштетени во тој дел“, вели Максимов.

Тој истакна дека субвенциите сè уште не се пуштени, „ние ги очекувавме барем оваа недела што помина да може да ги земеме, да набавиме нешто ѓубрива и препарати. Кај препаратите е посебно тежок проблем бидејќи нема во земјоделските аптеки да се најде во малопродажба. Секој како знае така се снаоѓа, така што сме доведени во многу лоша ситуација“.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

СДСМ: ЕК го потврди она што го зборуваме – Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ вршат системски притисок врз судствотото

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе