Документарни

ТРАМП, ПОЗЛАТЕНА ДИНАСТИЈА – петок, 27 март 2026 – 20:30

Кога Доналд Трамп дојде на власт по втор пат, неговото лојално семејство и пријатели имаа огромна корист од неговата победа. Како еден од најконтроверзните претседатели на Америка, Трамп ја преврте целата политичка машинерија и ја претвори во своја империја со тоа што го постави својот клан луѓе на влијателни позиции, без оглед на нивните квалификации и искуство.

ТРАМП: ПОЗЛАТЕНА ДИНАСТИЈА

Кога Доналд Трамп беше инаугуриран како 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави, на власт дојде цело едно семејство. За кланот Трамп, претседателството е семејна работа. Неговите синови, ќерки, зетови, снаи, внуци – сите беа вклучени во успешната кампања на патријархот за повторно враќање во Белата куќа. Во вториот мандат на Трамп секој од нив беше награден за својот придонес со функција, официјална или неформална.

На пример, снаата на Трамп, Лара, му помогна во собирањето средства за кампањата. Оваа енергична деловна жена во своите четириесетти, дејствува како неофицијален амбасадор на својот свекор (кога не го води својот спортски бренд). Бизнисот и политиката одат рака под рака во тимот на Трамп.

Документарецот се осврнува и на Меланија, која во овој втор мандат се појавува како забележливо отсутна фигура. Првата дама најави дека ќе се пресели во Њујорк за да се грижи за својот син, Барон. Ова беше удар за Доналд Трамп, кој секогаш се потпирал на неа за да го ублажи својот имиџ. Нејзиниот фотограф даде ексклузивно сведоштво за оваа дискретна, но влијателна жена.

Во последните месеци од 2024 година, нова ѕвезда направи сензационален влез во тимот на Трамп. На само 17 години, внуката на претседателот, Каи, одигра клучна улога во поттикнувањето на младите гласачи да се определат за Републиканската партија. Откако ги покажа своите политички способности како дел од династијата Трамп, некои коментатори веќе предвидуваат и претседателска иднина за неа.

Доаѓањето на Доналд Трамп во „Овалната соба“ предизвика вистински „дворски преврат“ во Соединетите Држави. Од инаугурацијата, Вашингтон повеќе не е центарот на моќта. Новата „Бела куќа“ се наоѓа во Флорида – Мар-а-Лаго. Трамп ја претвори својата приватна резиденција во клуб за милионери.

Тони Холт Крејмер, една од најлојалните поддржувачки на претседателот Трамп, ги пречека новинарите во својата палата од злато и мермер. Меѓу нивните нови соседи се Бил Вајт и неговиот сопруг Брајан Јур. Овој богат пар собра огромни средства за кампањата на претседателот, со што стана дел од најблискиот круг на семејството Трамп. За своите заслуги, Бил Вајт дури беше именуван за амбасадор во Белгија.

Меѓу речиси постојаните жители на Мар-а-Лаго има и еден кого Доналд Трамп го смета за „син“: претприемачот Илон Маск. За само неколку месеци, тој стана посветен сојузник на претседателот. Непредвидливиот милијардер потоа беше награден со министерска функција – контроверзна номинација, исто колку и онаа на новиот министер за образование, познат пред сè по тоа што раководел со најголемата светска кечерска федерација… или пак функцијата амбасадор во Франција, доделена на таткото на зетот на Трамп. Се среќаваме и со Џон Болтон, поранешен советник за национална безбедност на Трамп, кој го осудува ова како форма на непотизам. Тој сега е еден од најжестоките критичари на Трамп.

Од семејни врски до судири на интереси и блескави насмевки, овој документарец ја крева завесата за семејството Трамп – позлатената династија што ја води Америка.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВО СТОМАКОТ НА ГРАДОТ – НАСКОРО

Promo Telma

АЈДЕ СИТЕ НА ПЛАЖА – НАСКОРО

Promo Telma

ПЈОНГ ЈАНГ СЕ ЗАБАВУВА -сабота, 04 јули 2026 – 17:20

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе