Македонската ракометна репрезентација денеска ги доби противниците во групата во рамки на квалификациите за Европското првенство 2028 година, што ќе се одржи во Шпанија, Португалија и Швајцарија. Добивме квалитетна група, но целта секако останува пласман на Континенталниот турнир.
По денешната ждрепка што се одржа во Лисабон, Македонија се најде во рамки на групата 8. Од најквалитетниот барабан за ривал ја добивме Шведска, додека од третиот Грција. Од најслаборангираните селекции за противник во групата го имаме и Луксембург.
Првите две селекции од сите осум квалификациски групи ќе обезбедат директен пласман на континенталниот турнир, како и четирите најдобро третопласирани репрезентации.
Директно учество имаат загарантирано актуелниот европски првак Данска, како и трите домаќини на турнирот – Шпанија, Португалија и Швајцарија, кои нема да играат квалификации. Првото коло од евроквалификациите ќе се игра во ноември годинава, а циклусот ќе заврши во мај 2027 година.
Македонската репрезентација од 2012 година па наваму е редовен учесник на Европските првенства и ќе го бара осмиот турнир во низа.
