Вести Македонија Топ вести

Законот за заштита од пушење вратен на доработка

Предлог законот за зашита од пушење повторно на чекање. Иако се очекуваше да се разгледува на денешната владина седница, тоа нема да се случи. Причина за ова се несогласувањата меѓу Министерството за здравство и Министерството за земјоделство. Двете институции не се усогласени околу клучни прашања во новите измени, па разговорите продолжуваат.

„Се надевам дека наредната владина седница ќе имаме усогласеност. Ние чекавме да бидеме реални дека и денеска ќе помине но еве ќе мора да ги имаме сите усогласувања со сите институции за да може да помине на седница на Влада. Најверојатно за дефинирање што значи цигара. Тие имаат закон којшто дефинира производство, а нашиот закон е заштита од пушење. Така што тука се усогласуваме“, рече министерот за здравство Азир Алиу.

Во меѓувреме договор е постигнат со угостителите. Две наместо три страни доколку сакаат просторот да им биде за пушење. Но, линијата меѓу пушачи и непушачи ќе мора јасно да се повлече. Во некои случаи дури и со посебен влез. Рокот за прилагодување би требало да биде една година.  Малите трговци алармираат дека новите правила ќе ги чинат скапо. Тутунските производи ќе мора да се тргнат од видик, што за нив тоа значи дополнителни трошоци и помал промет. Добија шест месеци да се прилагодат, но бараат повеќе време. За министерот, пак, доколку експертите сметаат дека треба подолг период, ќе им се даде.

„Цениме дека адаптацијата од шест месеци за нив е доволна, но ако експертите мислат дека треба една година ние знаете дека им дадовме на сите институции потребен период за адаптација бидејќи целта на законот е да биде имплементиран, а не да симулираме дека имаме закон за заштита од пушење. Ако ценат дека навистина шест месеци им се малку воопшто не е проблем да биде една година и за нив“, рече министерот Алиу

Незадоволство има и во тутунската индустрија. Според нив, мерките не само што нема да го намалат пушењето  туку поттикнуваат одлив во сивата економија. Потсетуваат и на милионските приходи што државата ги добива од оваа индустрија. Но, новите правила нема да ги поштедат ни модерните навики. Вејпови, ајкоси и слични уреди ќе бидат забранети во затворени простории. Додека институциите се договараат, лекарите предупредуваат. Пушењето останува една од водечките причини за рак на белите дробови.

Симона Петровска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсена е директорката на „Комуналец“ Асани и уште двајца други раководители за епидемијата во Гостивар

Sonja Petrusevska

Клековски: Бројот на лица кои побарале медицинска помош е над 3.000, четворица се хоспитализирани од кои едно дете

Sasko Dimovski

Градоначалникот на Гостивар ја суспендира директорката на „Комуналец“, тој лично не чувствува одговорност за епидемијата

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе