Вести Македонија Топ вести

Фатен возачот кој удри во 11-годишно девојче и избегал

Полицијата го пронајде возачот кој на 16 март со своето возило удри во 11-годишна малолетничка на ул. „Васил Ѓоргов“ во Скопје и потоа го напушти местото на несреќата. Станува збор за С.Б. од Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР соопштија дека по несреќата, во 16:10 часот, од Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека во болница е донесено девојче со тешки телесни повреди. Според првичните информации, несреќата се случила околу 13:20 часот на крстосницата меѓу улицата „Васил Ѓоргов“, сервисната улица и ул. „Народен Фронт“, кога патничко возило ја удрило малолетничката и побегнало, објави миа.

Полицијата презела мерки за пронаоѓање на возачот, по што С.Б. бил лоциран и идентификуван.

Против него СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава по член 300 од Кривичниот законик за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и по член 301 за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јаделе во таверна, завршија во болница: Деветмина заразени со салмонела во Атина

Kristina Kuzmanovski

Усвоен Ребалансот на Буџетот со проектиран дефицит од 4,1% од БДП

Дејан Дејан

Четворица осомничени за трговија со дрога во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе