Нова група од 150 патници се авакуираат денеска од Дубаи во земјава, од кои 125 се македонски државјани. Другите патници кои со денешниот лет организиран и платен од македонската државаа ќе бидат евакуирани од Блискиот Исток се и седум државјани на Србија, 11 државјани на Косово, по двајца на Босна и Херцеговина и Албанија, како и по еден државјанин на Германија, Ерменија и Црна Гора.
Во однос на евакуацијата на македонски граѓани која е планирана за утре од Ријад, досега се пријавени 153 патници кои ќе полетаат од меѓународниот аеродром во Саудиска Арабија, од кои девет се евакуираат од Саудиска Арабија, 15 од Бахреин, 96 од Катар и 33 од Кувајт.
Со оглед дека Македонија нема договор за воздушен сообраќај со Кралството Саудиска Арабија, предвидено е авионот да слета на аеродромот во Приштина, по што макеоднските државјани до Скопје ќе бидат префрелни со организиран превоз.
Инаку во моментов во Обединетите Арапски Емирати остануваат околу 200 македонски државјани, кои иако првично се пријавиле за евакуација, се премислиле и како што информираат од МНР, во моментов не изразуваат подготвеност да се евакуираат.
Министерот за надворешни работи пак вчера информираше дека на летот во неделата со кој беа евакуирани 150 патници, 14 македонски државјани, кои биле пријавени за евакуација, не се појавиле на аеродромот во Дубаи, по што биле контактирани други граѓаникои биле на листата на чекање.
До денес од Блискиот Исток вкупно се евакуирани околу 300 македонски државјани, а со утрешниот лет од Ријад, бројката ќе се искачи на над 400.
Тамара Грнчароска
Б.С.
