Педесет и двегодишен наставник од средно училиште во скопската општина Центар е лишен од слобода по пријава дека вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи. Случајот бил пријавен во полиција, по што биле преземени мерки за расчистување на настанот. Дел од медиумите објавуваат дека настанот се случил во Средно уметничко училиште „Лазар Личеноски“.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека наставникот бил приведен вчера попладне.
„На 09.03.2026 во 17:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 52-годишен маж од Скопје, наставник во средно училиште на подрачје на Центар, постапувајќи по претходна пријава дека во периодот од 25.02.2026 до 02.03.2026 вознемирувал 18-годишна ученичка и барал од неа да имаат полови односи. По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, информираат од МВР.
Полицијата работи на целосно документирање на случајот, по што против осомничениот ќе биде поднесена соодветна пријава.
T.Д.
