Граѓанскиот суд во Скопје ќе воведе целодневни дежурства за спорови кои се поврзани со семејно насилство и изрекување мерки за насилниците.
Ваквата новина доаѓа откако јавноста реагираше на бавноста на институциите кога една жртва ќе пријави насилство. Сега одделот за семејни спорови ќе работи 24 часа, а не како до сега само во работно време на судот, како што тоа е случај со останатите предмети.
Инаку и МВР отвори внатрешна истрага за полицајците кои постапувале за пријави поврзани со насилство врз Ивана Јовановска, која заедно со својата ќерка, 6-годишната Катја, загина по пад од балконот на зграда. Се работи за околу десет пријави против нејзиниот сопруг Стојанче Јовановски, но засега од МВР не откриваат детали освен дека се работи на случаите и дека кога ќе има доволно докази ќе бидат дадени до обвинителството.
