Антикорупциската комисија ќе поведе постапки за 234 советници избрани во општините, кои не поднеле изјава за имотна состојба и интереси во законскиот рок.
Анализата на електронската евиденција покажала дека околу една петтина од советниците во општинските совети, не ја доставиле задолжителната изјава, што претставува прекршување на законот за спречување на корупција и судирот на интереси.
Советници од 61-наопштина, не ја доставиле изјавата, поради што комисијата ќе постапува поединечно за секој предмет
За оние кои нема да го платат прекршочниот налог во рок од осум дена, ќе бидат иницирани прекршочни постапки пред надлежната комисија за прекршоци.
