Бизнис објектив Економија Емисии

Бизнис Објектив: Во 2025-та потрошени повеќе од 1,1 милијарди евра за увоз на храна

За увоз на храна и живи животни минатата година Македонија потрошила 1,1 милијарда евра. За пет години увозот на храна е речиси двојно зголемен. Од друга страна, пак, од бројките може да се види дека извозот на храна не го следи истото темпо на раст.

Најмногу сме увезувале месо и преработки од месо, за што лани се потрошени 245,6 милиони евра. За увоз на зеленчук и овошје сме потрошиле 179,5 милиони евра, разни производи за исхрана 156,2 милиони евра, жита и преработки од жита 151 милион евра, за кафе, чај, какао и зачини 137 милиони евра, а за млечни производи и јајца 119,7 милиони евра. Минатата година сме потрошиле 56 милиони евра за увоз на шеќер, преработки од шеќер и мед, 46 милиони евра за добиточна храна и 34 милиони евра за риби (ракови и мекотелци и нивни преработки). А дали граѓаните кога купуваат во маркетите гледаат дали производите се од домашно или странско производство? Што им е поважно – квалитет или цена?

Емисијата „Бизнис Објектив“ со Наташа Стојановска се емитува секоја недела во 20:15 часот.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Азески во Брисел на средба со претставници на Асоцијацијата на европски комори

Дејан Дејан

Кризната состојба за нафтата продолжена за уште три месеци поради ризици во снабдувањето

Дејан Дејан

Кризната состојба за нафта и нафтени деривати се продолжува до 20 октомври, одлучи Владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе