Вести Свет Топ вести

Трамп: „Огромна флота“ се упатува кон Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека „огромна флота“ се упатува кон Иран, откако постојано му се закануваше на Техеран со интервенција на САД во услови на насилно задушување на протестите таму.

Имаме огромна флота што се движи во таа насока“, им рече Трамп на новинарите додека се враќаше во Вашингтон од Светскиот економски форум во швајцарскиот алпски град Давос. И можеби нема да мора да ја користиме… имаме многу бродови што одат во таа насока, за секој случај, имаме голема флотила што оди во таа насока и ќе видиме што ќе се случи. Имаме голема сила што оди кон Иран. Подобро би сакал да не видам ништо да се случи, но ги следиме многу внимателно, рече Трамп за Иран.

Според извештаите на американските медиуми, Вашингтон во моментов го зајакнува своето воено присуство на Блискиот Исток, вклучително и со распоредување на носачот на авиони УСС Абрахам Линколн и неколку придружни бродови.

Носачот на авиони на нуклеарен погон вообичаено транспортира неколку илјади војници и десетици борбени авиони, а е придружуван од разорувачи на морнарицата. Досега нема официјална потврда за распоредувањето од Пентагон.

Демонстрациите започнаа во Техеран кон крајот на декември како протести на трговците поради остриот пад на вредноста на иранскиот риал и влошувањето на економските услови, пред да се развијат во национално востание против авторитарниот систем на Исламската Република.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе