Oсумдневен притвор на лицето што го оштети стаклото на влезната врата на бугарската амбасада во Скопје.
Обвинителството побара на осомничениот да му биде определена најстрога мерка за обезбедување присуство, бидејќи, како што информираа вчера оттаму, постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и повторување на кривичното дело.
Според наводите на истражните органи, осомничениот делото го сторил од омраза. Во описот на делото, како што соопштија од Обвинителството, тој со камен го скршил стаклото на влезната и веднаш се оддалечил од местото на настанот во непознат правец.
Настанот се случи во неделата на 11 јануари, а следниот ден од Министерството за внатрешни работи соопштија дека полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар околу 12:40 часот на улицата „Кирил и Методиј“ во Скопје од слобода го лишиле Ш.А. (54), поради оштетувањето на стаклото на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
-Веднаш по добиената пријава, беа преземени мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот и Ш .А. е лишен од слобода, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираа од МВР попладнето на 12 јануари.
