Апликацијата „Мој ДДВ“ во континуитет има одредени технички проблеми. И во моментот, деновиве повторно имаше технички проблеми, меѓутоа би можеле да зборуваме генерално за целокупната состојба на ИТ системите на УЈП и тука сме реални и не се криеме од јавноста, рече директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова во интервју во вечерашната „Топ тема“ на Телма ТВ.
„Цело време истакнуваме, состојбата е таква затоа што со години наназад не постоеле соодветни вложувања, инвестиции во обезбедување на соодветна ИТ структура, во надградба на системите, итн. Сега започнавме процес и реализиравме најголема, во историјата на УЈП, набавка на ИТ опрема која е во фаза на инсталирање, поставување и со која е цел да обезбедиме сигурна и стабилна ИТ инфраструктура која што ќе го поддржува работењето на ИТ системите“, рече Петрова.
С.Д.
