Вести Македонија

Ако обезбедат докази дека данокот е платен во странска земја, нема двојно оданочување – директорката на УЈП, Петрова за протестот на кумановци кои работеа за американски компании во Ирак и во Авганистан

Ако обезбедат докази дека данокот е платен во странската земја, не може да постои двојно оданочување, рече директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова во вечерашното интервју во „Топ тема“ на ТВ Телма, во контекст за протестот на кумановци кои работеа за американски компании во Ирак и во Авганистан за ретроактивно оданочување.

„Ние се согласивме и УЈП да се обиде по службена должност да обезбеди верификација на некои од тие докази. Се согласивме и излеговме во пресрет да помогнеме на тие граѓани, нормално доколку е возможно, иако за тоа немаме никаква законска обврска, имајќи во предвид дека може да се затворени фирми. Всушност, доказите може да се обезбедат од странската даночна администрација. Преку размена на информации со странските даночни администрации ќе направиме обид да ги провериме доставените документи“, вели Петрова.

С.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра – телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Дејан Дејан

Наместо договор, партиите и денеска со исти обвинувања за Изборниот законик – крајниот рок за носење на законот е 15 јули

Sasko Dimovski

Уапсени двајца членови на Беланоца во Драч – едниот се бараше за убиство на офицер на АРМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе