На Граничниот премин Стар Дојран, на излез од државата, полициски и царински службеници во координација со припадник на Фронтекс лишија од слобода српски државјанин поради криумчарење цигари.
Лицето управувало товарно возило „Ман“ со полуприколка со српски регистарски таблички. При граничната контрола било утврдено дека WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола е фалсификуван.
При деталниот преглед, со помош на специјален уред ендоскоп, во полуприколката бил пронајден скриен бункер со вкупно 5.050 штеки цигари од кои 800 штеки обични и 4.250 штеки електронски цигари.
По целосно документирање на случајот, против приведениот ќе бидат поднесени кривични пријави за „фалсификување исправа“ и „криумчарење акцизна стока“, согласно Кривичниот законик.
