Вести Македонија

Алармантно висока загаденост на воздухот во Струмица

Струмица синоќа се гушеше во чад и неподнослива смрдеа што ги пече очите и грлото. Загадениот воздух беше и видлив и се чувствуваше со сетилата.

И апликациите за мерење на загаденоста покажаа алармантни вредности. Најкритично беше околу 19 часот со измерени 326 пм 10 честички на метар кубен воздух, како и 258 пм 2.5 честички.

Ова се резултатите што се објавени на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Апликациите на граѓаните, пак, регистрираа рекордни 800 пм 2.5 честички.

Од здружението Здрава котлина реагираа на социјалните мрежи, крајно загрижени за квалитетот на воздухот.

Од општината велат дека комуналните инспектори се на терен за да се бараат потенцијални загадувачи.

Нашите комунални инспектори имаат одредени наоди од терен, каде некои граѓани вршат несоодветно палење на комунален смет, на кабли а потоа се препродаваат за одреден приход. Реков дека нашите инспектори постојано контролираат а во периодот што следува ќе има и други мерки за справување со аерозагадувањето“, вели градоначалникот на Струмица Петар Јанков.

Граѓаните апелираат да се најдат големите загадували, но и да се има контрола што се гори во индивидуалните домаќинства.

„Има и други работи коишто треба да се отстранат, да се земат самите загадувачи во обзир, кои се, па да имаат соодветни филтри, а во Струмица се знае кој загадува, меѓутоа мерките не се преземаат“, вели Струмичанец.

Квалитетот на амбиенталниот воздух во Струмица станува најболна точка на градот во зимскиот период. Ситуацијата е сериозна со години наназад а Струмица е меѓу најзагадените градови.

Истражувањата на група експерти лани ги псоочија домаќинствата како најголеми загадувачи, додека еко активистите сметаат дека ваквите истражувања имаат сериозни пропусти во методологијата и дека загадувањето е од горење отпад во индустриски капацитети.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

31 година од геноцидот во Сребреница: „Тишината зборува најгласно“

Tea Dimkovska

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе