Вести Македонија

(Видео)Лишен од слобода 26-годишник кој со неговото „БМВ“ сакал да прокриумчари 10 килограми кокаин

Лишен од слобода 26-годишник кој со неговото „БМВ Х5“ сакал да прокриумчари 10 килограми кокаин. Тој на 31 декември 2025 година околу 14:30 часот во селото  Горно Количани, скопско бил сопрен и претресен од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје.
„На 01.01.2026 полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во координација со полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, службеници од Царинската управа со службено куче по претходно обезбедена судска наредба извршија претрес во возилото, при што во импровизиран бункер во подвозјето на возилото пронајдени се и одземени околу 10 килограми кокаин“, соопштуваат од МВР. 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уапсен е турски државјанин кој со Мерцедес „летал“ на автопатот „Пријателство“ со 203 км/ч

Tea Dimkovska

31 година од геноцидот во Сребреница: „Тишината зборува најгласно“

Tea Dimkovska

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе