Вести Македонија

Протест пред Кривичниот суд за пресудата за Фатон Љури

Роднини и пријатели на Фатон Љури денеска протестираа пред Кривичниот суд, откако тој неделава беше осуден на 11-годишна затворска казна, поради тоа што во јули, управувајќи мотоцикл без возачка дозвола и движејќи се по пешачка патека, смртно го прегази 68-годишниот Југослав Николовски.

Граѓаните, кои протестот го започнаа пеш од населбата Чаир, носеа транспаренти со пораки „Правда за Фатон Љури“, „Правда под притисок е неправда“, а беа упатени и пораки до судијката и обвинителката.

Од Кривичниот суд истакнуваат дека пресудата е донесена откако обвинетиот признал вина во присуство на адвокат. Велат дека судот одлучува врз основа на доказите и во рамки на законските одредби, а обвинетиот има право на жалба до Апелацискиот суд.

„Изразувањето незадоволство преку јавни собири е легитимно право на секој граѓанин, но било каков обид за притисок не смее и нема да влијае врз независното судско одлучување. Судскиот систем предвидува правни механизми за незадоволните страни. Секоја странка што смета дека висината на изречената санкција не соодветствува со делото има право на жалба до повисокиот суд. Тоа е единствениот легален пат за преиспитување на една пресуда“, стои во реакцијата од Кривичниот суд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

31 година од геноцидот во Сребреница: „Тишината зборува најгласно“

Tea Dimkovska

Левица: Инвеститорите профитираат благодарение на ДПМНЕ – Македонците ја губат можноста за сопствен дом

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ, Левица и ДУИ го блокираат Изборниот законик поради страв од изборен пораз

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе