Амбасадата на Република Северна Македонија во Берн е во постојана комуникација со надлежните институции во Швајцарија и до овој момент нема информации за загинати или повредени македонски државјани по пожарот во Кран-Монтана.
Амбасадата внимателно ја следи состојбата и е во целосна подготвеност да им пружи неопходна помош на своите државјани.
Воедно од амбасадата информираат дека на официјалните социјални мрежи на Амбасадата на Република Северна Македонија, како и на Фејсбук-страницата на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, се објавени контакт информации за сите на кои им е потребна поддршка или дополнителни информации.
Во случај на потреба од асистенција, граѓаните можат да се обратат на дежурниот телефон на Амбасадата: +41 79 923 79 57
Б.С.
