Вести Македонија Најважни

На прагот на 2026: Страв или надеж за економијата?

Прашалници што тежат повеќе од статистика – каква година следи и какви се прогнозите. На прагот на 2026, спротивставените табори во политиката спротивставени и во есапот. Опозицијата очекува тешка, кризна година, помалку пари во џебот на граѓаните и во касата на државата. Власта обвинува за сеење страв и паника и тврди – оптимистички се прогнозите за следната година.

  • „Граѓаните нема да трошат повеќе за повеќе, туку ќе трошат повеќе за исто или за помалку, затоа што цените ќе бидат повисоки – значи ќе бидат посиромашни. Странските инвестиции немаат веќе раст туку прашање е колку ќе заминат од земјава. Видовме дека и дел од фабриките од зони веќе затвораат или ако ништо друго не ги најавуваат проширувањата на капацитетите како што правеа порано. Сметам дека доаѓа многу тешка година за државата и за граѓаните“, изјави Венко Филипче претседател на СДСМ. 

Премиерот одговара – обврски има, но економските показатели се во нагорна линија. Државата има обврска да врати над 2 милијарди евра, вклучувајќи и 700 милиони евра еврообврзница која претходната Влада ја земала во 2022 година. Оваа сума треба да се врати на странските инвеститори, а буџетскиот дефицит ќе се покрие со хартии од вредност на домашниот пазар.

  • „Отприлика околу шест милијарди евра е целиот долг којшто треба во овој мандат од четири години на оваа Влада да биде вратен. Но, граѓаните и бизнисот да бидат спокојни. Исто како што нема мигранти, исто како што нема криза, така и средствата се обезбедени, ликвидноста е обезбедена. Нормално е тоа дека во отсуство на план и на идеи од страна на опозицијата, ќе слушаме ваков тип на пораки коишто имаат за цел да внесат страв и немир кај граѓаните. Но, да бидат спокојни. Планот е направен, средствата се обезбедени“, изјави премиерот Мицкоски. 

Премиерот тврди – инфлацијата се намалува, извозот расте, економските параметри се стабилни. На ова го базира оптимизмот за идната година.

Петар Догов

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра – телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Дејан Дејан

Наместо договор, партиите и денеска со исти обвинувања за Изборниот законик – крајниот рок за носење на законот е 15 јули

Sasko Dimovski

Уапсени двајца членови на Беланоца во Драч – едниот се бараше за убиство на офицер на АРМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе