Вести Македонија Топ вести

Зекирја Таири од коалицијата Вреди ќе биде нов пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

Зекирја Таири од ВЛЕН од изборната единица 1 е наредниот кандидат за пратеник во Собранието на местото на Беким Сали, кој вчера беше избран за министер за евроинтеграции. Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 164-та седница го разгледа дописот од претседателот на Собранието, Африм Гаши дека согласно Уставот и изборниот законик на доскорешниот пратеник Сали му завршува мандатот и Собранието треба да го верифицира мандатот на наредниот пратеник од листата на ВЛЕН.

„Врз основ на овој допис од страна на претседателот на Собранието Африм Гаши, Државната изборна комисија согласно одредбите од изборниот закон ги спроведе дејствијата во својата надлежност за верификација на мандат на нареден пратеник од истата листа на кандидати и за таа цел ДИК по повод спроведената законска постапка изготви предлог извештај“, рече претседателот на ДИК, Борис Кондарко.

Согласно Уставот и законските прописи е утврдено дека на Беким Сали му е престанат мандатот вчера и на негово место треба да биде наредниот пратеник од коалицијата Влен, Зекирја Таири од изборната единица 1 и оти ДИК за тоа треба да го информира. ДИК го разгледа известувањето за престанокот на мандатот на Сали и со допис го известува наредниот кандидат Зекирја Таири од овластениот подносител-коалиција ВЛЕН.

„И согласно законскиот рок со посебно известување до архивот на ДИК, кандидатот Зекирја Таири од листата на кандидати за Собранието во изборна единица 1 од овластен подносител коалиција ВЛЕН во законскиот рок потврди и ја извести Државната изборна комисија дека го прифаќа мандатот за пратеник во Собранието за остатокот од мандатот“, рече Кондарко.

ДИК го издава уверението кое Таири го прифатил и ќе го достави до Собранието кое ќе ја продолжи постапката за верификација на мандатот.

Претседателот на ДИК, потсети дека редовно течат подготовките на одржување на повторените локални избори за 11 јануари, идната година во општините Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово Ростуше.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Техеран без коментар за наводниот план за атентат кон Трамп – денес двете страни во нова рунда преговори во Оман

Tea Dimkovska

Министерството за култура и туризам го укина конкурсот за кофинансирање странски издавачи за објави на преводи од македонски автори

Tea Dimkovska

Партиските надмудрувања го „глават“ донесувањето на новиот Изборен законик

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе