Серијата ја следи моќната и бурна сага на семејството Датон, предводено од Џон Датон – човекот што поседува еден од најголемите ранчеви во САД. Неговата земја и неговиот начин на живот е под постојана закана: од корумпирани политичари, алчни бизнисмени, локалната индијанска заедница која бара правда и сопствен простор, до суровата природа што не простува.
Во првата сезона врие од интриги, семејни конфликти, насилни пресметки и тешки избори. Секој чекор што ќе го направи Џон Датон може да го спаси или уништи неговото наследство, а неговите деца се борат со сопствени демони додека империјата тивко се распаѓа.
Наградувана американска серија со извонредна кинематографија и брилијантна глума на Кевин Костнер и Кол Хаузер.
