Балкан Вести Економија Топ вести

Грчките земјоделци се повлекоа од протестите, граничните премини ќе бидат отворени за празниците

По неколкудневните блокади и протести, земјоделците во Грција донесоа одлука да ги отворат граничните премини за време на божиќните и новогодишните празници. Со оваа одлука ќе се овозможи непречен проток на патници и стока за Божиќ и Нова година, што е особено значајно за граѓаните и транспортниот сектор.

Според информациите од грчките медиуми, земјоделците привремено се откажале од блокадите со цел да не се создава дополнителен притисок и проблеми во периодот на зголемена празнична фреквенција. Сепак, тие најавуваат дека протестите не се целосно прекинати и дека повторно би можеле да продолжат по завршувањето на празниците, доколку нивните барања не бидат исполнети.

Граничните премини меѓу Македонија и Грција во изминатиот период беа често затворани или функционираа со ограничен режим, што предизвика долги колони и значителни доцнења, особено за товарниот сообраќај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе