Додека се чека новиот Кривичен законик, со измените на актулениот треба да ги вратат злоупотребите на функционерите какви што беа пред 2023, наместо да се пропишуваат нови поинакви законски решенија, реагираат невладините од Блупринт и од Платформата за борба против корупција, откако група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ предложија измени на Кривичниот законик со кои санкциите се зголемуваат во однос на спорните измени од септември 2023, но се поблаги од старите одредби.
Измените беа прелдожени тивко без најава и јавни консултации па невладините бараат јавна и стручна расправа, за да не се повтори праксата на брзи и непромислени измени
Секое воведување на нови концепти во преоден период создава правна несигурност, институционална конфузија и ризик од несакани последици во пракса. Иако предложените измени формално се претставуваат како „корекција“ или „враќање“ на претходната состојба, нивната содржина покажува дека станува збор за суштински нови решенија, особено во делот на проширената конфискација и кривичните дела против службената положба, рече дарко аврамовски од коалицијaта „сите за правично судење“.
Злоупотребите при јавни набавки за што максималната казната во стариот законот од пред две години беше 20 години затвор, со предлогот на пратениците е двојно преполовена на 10 што директно резултира со двојно скратување на роковите на застарување.
Кај кривичните дела за злоупотреба на службената положба и несовесно работење во службата, се забележува дополнително стеснување на одговорноста. Со сведување на „корист“ само на имотна корист, постои ризик од неказнивост за нематеријални облици на злоупотреба, како што се влијание, фаворизирање или условување со лични услуги. Ова е особено проблематично во контекст на борбата против корупцијата и злоупотребата на моќ ,реагираат невладините , стои во рекцијата на невладините, реагираат невладините.
И невладините но и судиите предупредуваат честото менувањето на казните и описот на криивчните делата може да создаде правна несигурност.
Врховната судијка Мирјана Лазарова Трајковска во вчерашната Топ Тема истакна по спорните измени од пред 2 години сега очекувањето на правната јавност беше она што ќе се предложи како измена, да биде во линија на она што постоеше претходно во правниот систем .
Се плашам и овој пат да поминеме во една таква фаза во која ќе се донесат одредби кои што ќе направат некаков диспаритет во однос на она што треба да биде, а што се нуди. Знам дека во министерството за правда е завршен предлогот на Кривичниот законик. На него се работеше долги години. Јас ги погледнав предлозите на работната група и она што го предлага групата на пратеници. Има разлики во овие два предлога и за мене тука очогледно недостасува дијалог меѓу законодавната и извршната власт. Кога се предлагаат така сериозни решенија, најмалку што може да се очекува е да се спојат предлозите или пак да се организира некаква поширока расправа во која ќе може да се даде придонес за подобрување на текстот, вели судијката во Врховен, Мирјана Лазарова Трајковска.
Пратениците во образложението на предлог законот велат дека користеле компаративна анализа подготвена во Собранието. Целта е да се усогласат со ставот на Уставниот суд кој во февруари поведе постапката и му даде рок од 6 месеци на Собранието да ги смени спроните измени на Кривичниот законик. Но предлогот законот доаѓа 4 месеци по тој рок и во последен момент пред Уставен да пресече.
Елена Ивановска Мукоска
