Останато Спорт

„Макпетрол“ по трет пат го освои меѓународниот кугларски турнир „Гаврило Гаврилски“  

Кугларскиот клуб „Макпетрол“ го одбрани трофејот на традиционалниот меѓународен турнир „Гаврило Гаврилски“, што се одржа денеска во кугланата „Мусандра“ во Скопје по 27-ми пат.

Организаторот, „Макпетрол“ дојде до својата трета титула во историјата на турнирот „Гаврило Гаврилски“, а втора по ред, бидејќи беше шампион и минатата 2024 година. „Сино-жолтите“ во екипна конкуренција до првото место дојдоа со 3296 соборени кегли, додека втор беше тимот составен од селекција од македонските клубови со 3282. Третото место му припадна на тимот Крагуевац, додека четврта беше Црвена Ѕвезда.

Во поединечна конкуренција првото место го освои Пеце Димовски од Селекцијата на македонски клубови со 587 соборени кегли. Втор беше Александар Милинковиќ од Крагуевац со 581, а Јовица Штиковиќ од Црвена Ѕвезда беше трет со 576 соборени кегли.

Денешната титула е уште една од многуте во богатата историја на кугларскиот клуб „Макпетрол“, кој е убедливо најтрофеен во Македонија со 24 национални шампионати.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мундијалот во американски стил: Шампионите ќе добијат специјални прстени (ВИДЕО)

Sportska Redakcija

Еурофарм Пелистер против екипи од три големи ракометни земји во Европската лига

Sportska Redakcija

 Славко Винчиќ ќе го суди финалето на Светското првенство 2026

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе