Вести Македонија Топ вести

Неправедна предност преку користење службени позиции и јавни ресурси, откри мониторингот во 26 општини

Мониторинг спроведен од 70 обучени набљудувачи од 10 граѓански организации во 26 општини откри одредени појави на неправедна предност што политички партии или кандидати ја стекнале преку користење службени позиции и јавни ресурси за изборно влијание, во текот на кампањата за Локалните избори годинава.

Наодите се дел од проектот „Да избереме заедно“, чија цел е следење на фер-изборните услови и спречување злоупотреби што го нарушуваат демократскиот процес.

  • „Ние спроведуваме мониторинг во две општини – Општина Делчево и Општина Кисела Вода. Според нашите согледувања и заклучоци, немавме увидено поголема злоупотреба на ЗАР (злоупотреба на административните ресурси). Најголема забелешка имаме за учеството на јавни функционери на партиски настани и имавме еден случај со дезинформација.“ – рече Матеа Карговска – Еуротинк.

Проектот е реализиран во периодот од септември до ноември 2025 година, со поддршка од Меѓународниот фонд за изборни системи. Невладината „Еуротинк“ заедно со „Организација ЖЕНА“ набљудувале во две општини.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе