Вести Свет

Хутите приведоа нови 10 лица, вкупно држат 69 – Гутереш бара итно ослободување на претставниците на ОН во Јемен

Генералниот секретар на Обединети нации (ОН), Антонио Гутереш денеска го осуди притворањето на нови 10 претставници на ОН од јеменските бунтовници, со што вкупниот број на приведени се искачи на 69.

Гутереш повика на итно ослободување на сите заробеници, изјави неговиот портпарол Стефан Дижарик.

„Овие притворања го прават неодржливо доставувањето хуманитарна помош на ОН во областите контролирани од Хутите. Ова директно влијае на милиони луѓе на кои им е потребна помош и го ограничува нивниот пристап до помошта што спасува животи“, наведе Дижарик.

Од Обединетите Нации постојано се отфрлаат обвинувањата на Хутите дека вработените и операциите на организацијата во Јемен се вклучени во шпионажа.

Јеменските бунтовници од почетокот на 2015 година контролираат големи делови од земјата, вклучително и главниот град Сана, каде што Хутите ги воспоставија своите политички институции. Меѓународно признатите јеменски власти се протерани од Сана во Аден.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Празни најави на Мицкоски за случајот во Гостивар, време е да се се преземе одговорност

Igor Trajkov

Мицкоски за случајот во Гостивар: Одговорност ќе има, јавноста ќе добие одговор што се случило

Igor Trajkov

47-ми „Марш на ангелите“ – пораки до институциите кои потфрлиле да ги заштитат младите животи

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе