Вести Економија Најважни

ЕСМ алармира за кризна состојба, тешко оди набавката на мазут и јаглен од Грција поради блокадите

Поради блокадите на грчките земјоделци земјава се соочува со проблеми при набавка на потребните енергенси за производство на струја. Според, информации на Телма, ЕСМ  бара од Владата да прогласи кризна состојба на пазарот со електрична енергија.

Јагленот кои се набавува од таму се испорачува со задоцнување, но поголем проблем има со доставата на мазут кои се користи во мали количини при производство на струја за дополнување на калоричната вредност на јагленот.

Поради санкциите државава овој енергенс во моментов може да го донесе само од Грција, но протестите таму ги искомплицирале работите.

Заради ваквата состојба, државните електрани испратиле писмо до Владата со кое бараат веднаш да се прогласи кризна состојба за да може да се активираат државните резерви од каде ЕСМ би ги црпел потребните енергенси за производство на струја.

Иако, од идната недела се најавуваат значително пониски температури кои ќе повлечат и зголемена потрошувачка, не очекувале проблеми. Во моментов од домашните капацитети работи еден  РЕК Битола со еден блок,  Осломеј, централата во Скопје,  Когел. Се користи и хидрото, но ветерниот парк во Богданци.

Паралелно ЕСМ за јануари купи и струја од ТЕТО во вредност од над 12 милиони евра. Цената за мегават е околу 119 евра.

Според, информациите понудата на ТЕТО била најповолна, останатите достигнувале и до 300 евра за мегават час.

Со оваа набавка планот е да се заштедат енергенсите кои за производство на струја ги користат домашните централи, но и хидро потенцијалот кои би се искористиле пак во февруари и март – месеци кога струјата на пазарот е поскапа, а вака се овозможува и ЕСМ да продава вишок на струја по поповолни цени кои би донеле дополнителни приходи за компанијата која веќе подолго време се бори со финансиски проблеми.

Но очигледно е дека нешто треба да се преземе затоа што проблемите со набавка на енергенси од Грција ќе се продлабочуваат со оглед на тоа што  грчките медиуми пренесуваат дека земјоделците таму не смао што ќе продолжат со блокадите туку и ќе ги заострат.

Ирена Чачкова 

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ: Празни најави на Мицкоски за случајот во Гостивар, време е да се се преземе одговорност

Igor Trajkov

Мицкоски за случајот во Гостивар: Одговорност ќе има, јавноста ќе добие одговор што се случило

Igor Trajkov

47-ми „Марш на ангелите“ – пораки до институциите кои потфрлиле да ги заштитат младите животи

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе