Вести Македонија Топ вести

Бебето починало од неразвиени белите дробови, тврди ГАК по добивање на обдукцискиот наод

Бебето починало од неразвиени бели дробови, тврди скопска гинекологија откако го добиле обдукцискиот наод.Според резултатите, кај новороденчето не се утврдени физички повреди на ниту еден орган. Во наодот се наведува дека по отворањето на градната и абдоминалната празнина, васкуларните органи биле со уреден анатомски статус и нормална морфологија, додаваат од гинекологија.

  • „Како причина за смртта кај новороденчето се наведува респираторна инсуфициенција на респираторниот стрес синдром односно незрелост на белодробието. По добивањето на резултатот од страна на клиниката семејството е уредно повикано со цел лично да бидат информирани за сите деталите од наодот. За понатамошниот тек на случајот Министерството за здравство формираше стручна комисија со цел целосно расчистување на случајот и лоцирање на евентуални неправиности во лекувањето на новороденото“, велат од ГАК.

 Од гинекологија посочуваат дека ќе постапат по сите законски процедури доколку се утврди основ за поведување дисциплинска постапка, во рамките на пропишаниот рок.

  • „Како установа изразуваме длабока жалост, а воедно сочувствуваме со болката и загубата на семејството.  Вработените на ГАК секојдневно се борат за животите на многу деца, но за жал се случуваат и загуби кои ги доживуваме не само како професионалена, туку и емотивна загуба“, велат од ГАК.

Дали имало лекарска грешка или не министерот за здравство ќе каже откако трите комисии ќе му ги достават извештаите.

  • „Државниот здравствен и санитарен инспекторат веќе заврши со процедурите имаше и прес конференција таму не се детектирани административни процедури кои што не се имплементирани. Исто така комисијста е формирана, мислам дека денеска се на терен, ако не се лажам ако не денеска во понеделник бидејќи јас бев на пат. Исто така ќе ги почекаме и резулатите од обдукција за да ги агрегираме сите податоци од трите институции, трите интерни групи и на крај ќе имате информации“, вели Азир Алиу министер за здравство.

Бебето починало на 1 октомври годинава, а како што објави Слободен печат, началничката на одделот за интензивна нега пријавила дека една од докторките 20 минути неуспешно се обидувала да го реинтубира новороденчето. Несоодветно лекување, според началничката, предизвикало компликации што довело до смрт на машкото бебе.

Симона Петровска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе