Поранешниот претседател на САД, Џо Бајден навестил дека Украина нема да биде примена во НАТО и пред да почне војната со Русија, изјави меѓу другото украинскиот претседател, Володимир Зеленски на прес-конференција денеска во Брисел.
„Дури и пред да почетокот на војната, Џо Бајден директно ми кажа дека Украина нема да биде примена во НАТО“, рече Зеленски.
Зеленски нагласи дека тоа прашање го иницирал неколку пати пред Вашингтон. Му рекле „дека е тешко да се има работа со него“ и истакна дека таквиот став на САД останал непроменет, но изрази надеж дека би можело да се промени нешто во иднина. Истовремено, тој останува посветен на амбицијата која е заведена и во уставот на Украина како стратешка цел.
Официјален Киев во неколку наврати изрази желба за полноправно членство во НАТО. Во септември во 2022 година поднесе и барање за забрзана постапка за прием. Во јануари оваа година, Зеленски се пожали дека САД, Германија, Унгарија и Словачка се противатна членство на Украина во Алијансат, а во март претседателот Трамп порача дека „одговорот им е познат на Украинците веќе 40 години“.
