Вести Македонија Топ вести

Резолуцијата за мигрантите ќе стигне и до Уставен суд

СДСМ ќе поднесат иницијатива до Уставниот суд за вчера изгласаната Резолуција за мигрантите на владејачките партии. Сметаат дека е  неуставна и дека со неа директно се загрозуваат слободата на говорот и слободата на политичко дејствување на опозицијата, како и дека е изгласана со цел да се забрани каква било дебата за договорот и да се спречи вистината да излезе на виделина.

„Предавничката Резолуција е спротивна на Уставот. ДПМНЕ–ЗНАМ усвоија неуставна Резолуција со која директно се загрозуваат слободата на говорот и слободата на политичко дејствување на опозицијата. СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата и слободата на говор. Заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата“, изјави  Јована Тренчевска од СДСМ.

Поддршка од Европа за одбрана на демократијата побара и претседателот на партијата, Венко Филипче, кој е во посета на Брисел.

Од ВМРО-ДПМНЕ им вратија дека, тврдењата им се правно неосновани. Слободата на изразување, гарантирана со Уставот, може да биде ограничена само со закон, под строго утврдени услови, што овојпат не е случај.

„Наводите на СДС дека усвоената Резолуција е неуставна и дека ја нарушува слободата на изразување претставуваат грубо неразбирање или свесна злоупотреба на уставно-правната природа на овој акт.Резолуцијата е политички акт на Собранието, со декларативен карактер, преку кој законодавниот дом изразува став, оценува појави од јавен интерес и утврдува политички позиции. Таа не е закон, не е подзаконски акт и не создава општообврзувачки норми, ниту пак воведува забрани, санкции или ограничувања на права и слободи“, реагираат од ВМРО ДПМНЕ.

Од партијата велат и дека, политичката критика е дозволена и заштитена, но дезинформациската кампања не е уставна вредност.Резолуцијата, според нив, е уставна, а лагите за мигрантски кампови се политичка манипулација!

Резолуцијата беше изгласана синоќа, со 65 гласа „за“ и пет гласа „против“. Социјалдемократите претходно ја напуштија пленарната сала и не учествуваа ниту во дискусиите.

Далиборка Демјанска Цветановска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе