Застарени предмети, неуплатени пари во буџетот на државата, ИТ напади. Државните ревизори констатирале неправилности во работата на Министерството за економија и труд со ревизијата на финансиските извештаи за 2024 година.
Утврдено е дека во септември 2024 врз софтверот за прекршочни предмети е извршен таргетиран напад што резултира со целосно губење на податоци.
Во однос на ИТ секторот утврдено е дека истиот функционира само со 3 вработени од 12 предвидени работни места, при што не се донесени политики и процедури за информациска безбедност, нема назначено лице за информациска безбедност, ниту е изработена анализа на ИТ ризици, пишува во извештајо на ревизорите
Констатирале и дека поради застарени прекршоци, државниот буџет загубил околу 2 милиони евра.
При анализа на законската рамка со која се регулира вршење на угостителска дејност утврдено е дека постојат недостатоци во процесот на издавање лиценци и категоризација на угостителски објекти.
Законот не предвидува задолжителна проверка на исполнувањето на минимално-техничките, санитарноздравствените, противпожарните и еколошките услови пред издавањето на решенијата за категоризација и лиценците за работа на угостителските објекти, ниту механизам за проверка на отпочнување со работа. Категоризацијата на угостителските објекти, како и обновата на важноста на решенијата за категоризација и лиценците се врши по поднесено барање, без задолжително меѓу институционално информирање и постапување, што создава ризик од работење без исполнети услови или без важечки документи, пишува во извшетајот
Ревизорите напоменуваат и дека поради истражна постапка документацијата за издавање на лиценци за вршење на угостителска дејност во ноќен клуб, кабаре диско клуб и диско клуб на отворено не беше достапна за ревизија.
За оградување пак на парцели за фотоволтаични централи за втората фаза констатирано е дека не е реализирана, не е побарана банкарска гаранција, а не се преземени ниту правни мерки за наплата на договорни казни.
Ирена Чачкова
