Утрово Скопје се гуши во загаден воздух. Според мерењата на швајцарската апликација Ај Кју Ер загаденоста на воздухот утрово во главниот град е со коефициент 102 и во категоријата нездрав… На светската листа на најзагадени градови во светот се најде на 26 место.
Позагаден главен град во регионот е само Сараево во Босна и Херцеговина кој пак ја зазеде првата позиција на неславната листа.
Од другите градови во земјава од Скопје позагаден е само Струмица со коефициент на загадување од 226. Според мерењата направени утрово во воздухот се регистрирани 35,9 микрограми на метар кубен ПМ2,5 честички и 2,9 микрограми јаглерод моноксид.

По населени места најголемо загадување во Скопје утрово се бележи кај Млечен ресторан и во Острово, но високи концентрации има и во Центар и Чаир.

Здравствените власти апелираат особено до ранливите категории граѓани поголем дел од денот да го поминуваат во затворени простории особено онаму каде што има прочистувачи на воздухот и да се избегнува подолг престој на отворен простор.


