Вести Македонија Најважни

Коцевски си замина, кој ќе го наследи? – се уште не е почната постапката за негов избор

Советот на јавни обвинители утре ќе избере ве де државен обвинител откако Коцевски вчера си поднесе оставка во исто време кога собранието требаше да ја одржи седницата за негова смена. За вршител на долгжност – обвинител може да биде поставен некој од обвинителите во републичкото обвинителство во период од најмногу 6 месеци.

Владата треба да ја иницира постапката за наследник на Коцевски. Собранието на предлог на Владата го огласува именувањето на Јавниот обвинител најдоцна два месеца пред истекот на мандатот или веднаш по упразнувањето на местото, стои во законот за јавно обвинителство. Кога ќе ја почнат постапката ни одговорија

„Тоа се процеси за кои како Влада навремено ќе информираме. Ве информираме дека постапките се предвидени во законски одредби, и како Влада ќе постапуваме во согласност со истите“, соопштуваат од Владата.

За државен обвинител може да биде избран обвинител или судија кривичар со непрекинат работен стаж од најмалку десет години

Огласот трае 15 дена а потоа советот на јавни обвинители треба да даде мислење за сите пријавени кандидати. Владата може да предложи обвинител до Собранието некој од кандидатите што добиле позитивно мислење од Советот

Од друга страна во подготовка е нов закон за јавно обвинителство. Од министерството за правда велат дека се подготвува пропратна документација за да се достави предлог законот до Владата.

Венецијанската комисија во мислењето за законот што беше објавено во октoмври советува наместо со просто мнозинство како до сега државниот обвинител да се бира и разрешува со квалификувано мнозинство. Таквиот услов треба да ја подобри независноста на назначеното лице бидејќи ја намалува веројатноста за назначување обвинител лојален на партија, стои во мислењето. Но за оваа препорака потребни се уставни измени.

Коцевски со помалку од две години-го има најкраткиот обвинителски мандат од независноста на Македонија. Вечра обвини дека постапката за разрешување е политичка и правно неаргументирана но ова не го кажа директно во собраниската сала туку од прес салата на обвинителството. Процедурата за негово разрешување со паузи и во меѓувреме изгласана интерпелација траеше 10 месеци за време на кои тој не отстапуваше а постојаните критики од премиерот ги нарекуваше – политички изјави. Вчера обвини дека постапката за негова смена е пример за политичките притисоци врз правосудството, кои ја парализираат борбата со корупцијата.

Eлена Ивановска Мукоска

Дигитална обработка: T.Д.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Кој се фалел дека ќе земе паричка, а кој барал половина од 30.000 евра – телефонски разговори на обвинетите се слушаа на судењето за ИПАРД

Дејан Дејан

Наместо договор, партиите и денеска со исти обвинувања за Изборниот законик – крајниот рок за носење на законот е 15 јули

Sasko Dimovski

Уапсени двајца членови на Беланоца во Драч – едниот се бараше за убиство на офицер на АРМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе