Вести Економија Топ вести

Интервју со бизнис советникот Данчо Димков: Делегирањето одговорност – еден од најголемите предизвици на стартапите

Еден од најголемите предизвици со кој се соочуваат новите мали компании во моментот кога ќе почнат да се шират е делегирањето на одговорности. Дотогаш сопствениците или менаџерите одлучувале за сите работи, но со зголемувањето на обемот на работа, доаѓа и потребата да се префрлат одговорностите на други луѓе и да се најдат вистинските луѓе.

Растот се случува со освојување на нови пазари, со нови производи и услуги или со зголемување на пазарното учество, но стартапите треба да добијат јасна слика на каде да се движат, вели бизнис советникот Данчо Димков.

Алатката „Бизнис дијагностика“ им помага на овие компании да ги идентификуваат можностите за раст.

Оваа активност е поддржана во рамките на Швајцарскиот проект за модернизација кој го спроведува Свисконтакт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе